• сабота, 29 јуни 2024

Најмалку петмина загинати при судир на воз и автобус во Словачка

Најмалку петмина загинати при судир на воз и автобус во Словачка

Братислава, 27 јуни 2024 (МИА) – Во судир на воз и автобус во Словачка загинаа најмалку пет лица, а повредени се петмина.

Несреќата се случила во градот Нове Замки, јужна Словачка. Возот сообраќал Прага – Будимпешта.

Во возот имало повеќе од сто луѓе. Автобусот е тешко оштетен при судирот.

Патниците од возот со автобуси се пренесени до местото Штурово, на границата со Унгарија.

Главната железничка пруга што ги поврзува Братислава со Будимпешта е затворена за сообраќај. ми/

фото: Икс

Остани поврзан