• петок, 28 јуни 2024

Во Шпанија уапсени четворица Колумбијци од подморница која превезувала кокаин

Во Шпанија уапсени четворица Колумбијци од подморница која превезувала кокаин

Мадрид, 27 јуни 2024 (МИА) – Шпанската полиција соопшти дека пресретнала уште една импровизирана подморница, со која најверојатно се транспортирал кокаин од Јужна Америка во Европа, при што се уапсени и четворица колумбиски државјани.

Тие се уапсени откако полицијата пред два дена пронашла импровизирана подморница, долга 20 метри, која пловела кон брегот на Шпанија.

Подморницата е слична на претходно пресретнатите подморници во претходните операции во северозападниот дел на Шпанија во 2019 година, кога се откриени и запленети три тони кокаин.

Слични пловни објекти се откриени во Атлантски Океан, посебно во близина на Централна и Јужна Америка. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан