• петок, 22 ноември 2024

Малдиви: Уапсена министерката за животна средина поради практикување на црна магија

Малдиви: Уапсена министерката за животна средина поради практикување на црна магија

Мале, 27 јуни 2024 (МИА) – На Малдиви е уапсена министерката за животна средина Фатимат Шамназ Али Салим под обвинение дека практикувала црна магија на претседателот Мохамед Муицу.

Али Салем, заедно со уште две лица, е уапсена на 23 јуни во главниот град на Малдиви, Мале. Таа ќе биде во притвор една недела до отпочнување на истрага.

Локалниот весник „Сан“ објави дека Али Салем е уапсена поради практикување на црна магија, но полицијата ниту ги потврди ниту ги демантираше таквите наводи.

Согласно казнениот законик на Малдиви, каде мнозинството население се муслимани, магиите или волшебништво не се кривично дело, но според шеријатот тоа се казнува со шест месеци затвор.

Во 2023 година на островот Манаду, тројца соседи до смрт избоделе 62-годишна жена, откако била обвинета дека практикува црна магија. Додека две години претходно, полицијата се обиде да прекине митинг на опозицијата, откако ги обвини организаторите дека фрлиле „проклет петел“ врз службениците кои дошле да ги претресат нивните канцеларии. ми/

фото: Икс

Остани поврзан