• понеделник, 23 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
25 ноември 2020 Практична филозофија на Мијаците Вије ич не се погаѓате: еден сте в осој, други в присој. Вашево родство је деветта вода киселина. Во туѓа жена деца не се правит. Во Турчина вера да немаш. Вистина страмота, али чиста работа. Во Солун вистина је пара сомун, али до Солун требет сто сомуни. Во мојата куќа петел повелат. Водата истечува, а песокот си остануват. Вересија, потресија. Во неола се познаат, кој ти је пријател. В’лкот и од бројани јадел. Влажна земја мрва роса сакат. Вистина сме браќа, ама сирењето ни је поделено. В орман ферман не се пејт. В старо село нов адет не врвит. Врти се поле, земја се тресет. Види: не јала мачка риби. Вистината ти је Божја благословија: пробрчи попон и: шо земи си, замилувај се. Секоја мотика кон себе трга. Говорам ти ќерко, дошикај се снао. Господ да ми те чуват, синко, од борч. Го прашале в’лкот зашчо му је дебел вратот: - Дека си ја врша сам работата. Глава правила, глава тргала. Голем косај косни, голем лаф не вели. Го немат тој човек на земјава што не милуват да му се дуват под пердув. Господ да те не оставит без пријател и на арно и на лошо. Господ бедел не примат. Гладна кокошка се за просо соневат. Гората не заплакала од секирата, токо од држалката. Деца нагоре, куќа надолу, мор бир (горнореканска). Две роци за една глава. Делена риба, спокојни зоби. Дивите свињи, меките круши ’и јадет. Дур да му додјет ќеф на богатијот, на сиромајот душата ќе му пукнет. Ете тује лежит зојекот. Еден во клинец, други во плоча. Ела ми повеќе, ќа ми ти дада повеќе. Едно мислит камиларот, друго камилата. Е немат месен обесен – сакат опен. Еј да го имав овој ум пред судење како по судење! Едно криво дрво сијот товар го искривуват. Ем втесен, ем бесен. Е тој ја извлече гемијата на суво. Ер коде да одит оката си је 400 драмови. Е довде се бегат: било пишано, да се гинет пред огнишче. Е и ја су од мајка роден. Е роди, бабо, дете! Есап, китап, торба и стап. (Се мисли на пресметување меѓу наш човек и Турчин.) Жеден коњ вода не пробират. Зар ти веруваш да имаје толосуми, самовили, скроперници, вешчици и маѓесници?! За кого имат век, имат и лек. Зет роднина, магаре стока. Зло за добро не идет. Зло родило, зло тргај. Зате се велит да је веков скала. И нашава таква је, атевите косај се, а магарињата клоци јади. Инат је лош занат. Имат дојдуање, ама имат и стануање. И пред твојата куќа ќе заиграт мечка. И без тебе ќе се раздедит. Иверка не паѓат далеку од клада. И ако си мајка, застрами се. И тебе ќе ми ти дојт црн петок. И тује го клава мууров и овде. И овде потпишуав и овде. Испечи пак речи. И мије трева не пасиме. И мије солено јадеме. И овеја требит да је негово масло. И оваја трбушка веќе не се трпит. Иљо од лани ушче го скрши ендезето. Из око в око да се не веруваш. И мала невеста и голема исти гарамет и исти арч. Имајет и денеска жени што знојет да врзувајет и да одврзувајет. (Се верува дека има жени што можат млад човекд а го направат бессилен). Јозик коски немат, али коски кршит. Јадење судит. Јадењето се остават за утре, али работата не. Коде одит в’лче, се камен го т’лчет. Кажи му аго, да му бидет драго. Коде сила правина немат. Коде текла вода, пак ќе течит. Кој имај си го, тој знај си го. Кротко јагне две мајки цицат. Кадија те тужит, кадија те судит. Кому грешка и потсмевка. Коњ је сам арамија. Каква мајка таква и ќерка. Коде беје пред 30 години Томовци и Гиновци, а коде се сега? Коде одите? (весело и кокораво:) На гости. Коде ошол коњот, нека одит и огламникот. Која кобила се фаќат таја го вршит гумното. Коде јуне и јоже. Кој седит под круша, тој јадит круши. Коде си видел да се борит мачка со мечка. Коде паѓат рофја тује трева не никнет. Кој зло правит, зло ќе дочекат. Кој те прашвет, ал се бричит владика? Коде ли је Жур, а коде је Елбасан. Кога го женив сина ми се чудеше цела Река, а ја ќе се чуда дур до века. (Горнорерканска). Од книгата Галичник и Мијаците од Риста Огњановиќ – Лоноски, Скопје 2004. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан