• петок, 05 декември 2025

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“.

Оттаму додаваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан