• среда, 10 јули 2024

Уставениот суд ќе расправа по четири иницијативи за оценување уставност и законитост и еден предлог за решавање на судир на надлежности

Уставениот суд ќе расправа по четири иницијативи за оценување уставност и законитост и еден предлог за решавање на судир на надлежности

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Уставниот суд на денешната 21. седница, како што е најавено, треба да расправа по четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и еден предлог за решавање на судир на надлежности.

Основниот суд Охрид е подносител на предлогот за решавање на судир на надлежности. 

Како што соопштија од Уставениот суд, подносителот бара да се утврди чија е стварната надлежност дали на Основниот суд Охрид или на Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда за одлучување по барање за трансфер на осуденикот Б.П. во казнено-поправна установа во Република Бугарија. 

Иницијативите за оценување уставност и законитост се следните:

Реферат У.бр.4/2024
Оспорен: Член 36 и член 38 став 3 од Законот изменување и дополнување на Законот за заштита на децата

Подносител: Климентина Ангелеска

Од наводите во иницијативата:

Според наводите во иницијативата, секое трето живородено дете затоа што било родено трето не се смета за новороденче како ни за дете согласно оспорената законска одредба и не може да ужива никакви права уредени со Законот за заштита на децата во однос на друго лице или група во фактичка или можна споредлива или слична ситуација.

Реферат У.бр.124/2024
Оспорен: Член 19 став 2 во делот „како и друг начин на стекнување на недвижности со и без надоместот меѓу правни и физички лица“ од Законот за даноците на имот

Подносител: Оливер Давидовски од Скопје

Од наводите во иницијативата:

Подносителот смета дека делот од оспорената одредба од Законот е нејасен, непрецизен, конфузен и како таков остава место за различно толкување бидејќи е нејасно што сè се подразбира под „друг начин на стекнување на недвижности со и без надоместок меѓу правни и физички лица“. Се наведува дека останува спорно дали оспорениот дел од законската одредба секогаш ќе претпоставува промет, односно постоење на правно дело и правно изразена волја на учесниците или би можело да се подразбере и стекнување на право на сопственост на недвижности врз основа на закон, каде не постои правно дело и правна изразена волја на учесниците.

Реферат У.бр.144/2024
Оспорен: Член 22 став 1 алинеја 1 во делот „и членовите на стечајниот совет“, член 65 став 4 во делот „до стечајниот совет“, член 206 став 1 во делот „стечајниот совет“ и член 214 став 1 во делот „стечајниот совет“ од Законот за стечај.

Подносител: Оливер Давидовски од Скопје

Од наводите во иницијативата:

Во иницијативата се наведува дека оспорените законски одредби коишто моментално се во примена сеуште се повикуваат на „стечајниот совет“ и покрај фактот што истиот е избришан и не постои во правниот промет што доведува до правна несигурност и повреда на владеењето на правото.

Реферат У.бр.174/2024
Оспорен: Делот: „министерот“ од првиот ред на ставот 2 од членот 143 од Законот за енергетика

Подносителот наведува дека 143 став 2 од Законот за енергетика во кој е предвидено дека техничките прописи од ставот 1 на овој член ги донесува министерот по претходна согласност на министерот надлежен за работите од областа на транспортот, министерот надлежен за работите од областа на заштита на животната средина и министерот надлежен за работите од областа на внатрешните работи. Според подносителот оспорениот дел на ставот 2 од член 143 од Законот е недоволно прецизен и јасен, што не е во согласност со владеењето на правото пропишано во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. цр/нд/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан