• среда, 10 јули 2024

Џенет Јелен: Бајден е исклучително ефикасен на состаноците на кои присуствува

Џенет Јелен: Бајден е исклучително ефикасен на состаноците на кои присуствува

Вашингтон, 9 јули 2024 (МИА) – Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден е исклучително ефикасен на состаноците на кои присуствува.

Јелен ова им го кажала на членовите на Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом на прашањето дали видела некакви докази за пад на менталните или когнитивните способности на Бајден.

Јелен рекла дека не знае дека имало какви било дискусии меѓу американските министри за потребата од повикување на 25-от амандман на Уставот на САД, кој им овозможува на потпретседателот и членовите на кабинетот да се изјаснат дека претседателот не е во состојба да ги извршува своите овластувања и должности и дека затоа неговите должности можат да бидат префрлени на потпретседателот.

Јелен одби да каже кога последен пат лично се сретнала со Бајден. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан