• петок, 22 ноември 2024

Украина ќе добие четири ПВО системи Патриот

Украина ќе добие четири ПВО системи Патриот

Вашингтон, 10 јули 2024 (МИА) – САД ќе и достават Украина системи за противвоздушна одбрана Патриот системи, покрај оние што веќе ги ветија Германија, Романија и Холандија, се наведува во заедничката изјава објавена по повод самитот на НАТО во Вашингтон.

Во соопштението се наведува дека заедно со системот САМП-Т обезбеден од Италија, оваа поддршка ќе помогне да се заштитат украинските градови, цивилите и војниците од руските напади.

Американскиот претседател Џо Бајден, во говорот на почетокот на Самитот, најави дека САД и сојузници ќе и дадат на Украина дополнително оружје, вклучително и дополнителни системи за противвоздушна одбрана. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан