• петок, 02 август 2024

Јужна Кореја и понуди хуманитарна помош на Северна Кореја која е погодена од поплави

Јужна Кореја и понуди хуманитарна помош на Северна Кореја која е погодена од поплави

Сеул, 1 август 2024 (МИА) - Јужна Кореја денеска и понуди помош на Северна Кореја, која е зафатена со големи поплави кои предизвикаа евакуација на илјадници жители.

Севернокорејските државни медиуми објавија дека обилните дождови поплавиле 4.100 куќи, 7.410 хектари обработливо земјиште и бројни други згради, патишта и железнички пруги во северозападниот град Синуи и соседниот град Уи.

Се уште не е познато дали Северна Кореја ќе ја прифати помошта што ја нуди Сеул.

Јужнокорејското Министерство за обединување соопшти дека земјата е подготвена брзо да испрати резерви на залихи за жителите на Северна Кореја.

Министерството го повика севернокорејскиот Црвен крст веднаш да одговори на неговите повици за разговори за да се утврдат деталите за тоа каква помош е потребна и како таа може да биде доставена. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан