• петок, 22 ноември 2024

Американците Гершкович и Вилан се вклучени во размената на затвореници меѓу Истокот и Западот

Американците Гершкович и Вилан се вклучени во размената на затвореници меѓу Истокот и Западот

Анкара, 1 август 2024 (МИА) - Дописникот на Волстрит џурнал, Еван Гершкович и поранешниот американски маринец Пол Вилан се меѓу 26-те затвореници од САД, Русија, Германија, Полска, Словенија, Норвешка и Белорусија кои денеска ќе бидат ослободени во голема размена на притворени лица меѓу Истокот и Западот, соопшти турското претседателство.

Оттаму посочија дека десет затвореници, меѓу кои две малолетни лица, биле префрлени во Русија, 13 во Германија и тројца во САД.

Турските разузнавачи соопштија дека ја координираат големата размена на затвореници, поради знаците за големи предавања на затвореници меѓу Русија и Белорусија од една страна и западните земји како САД и Германија од друга страна.

-Нашата организација презеде сериозна посредничка улога во оваа операција за размена, која сама по себе е најголема во последниве години, објави турската Национална разузнавачка организација (МИТ).

И Кремљ и Белата куќа одбија да коментираат. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан