• четврток, 18 декември 2025

ЈП „Водовод“ Куманово регистрира наплата околу 60 проценти

ЈП „Водовод“ Куманово регистрира наплата околу 60 проценти

Куманово, 14 јули 2025 (МИА) - Околу 60 проценти изнесува наплатата од физичките и правите лица за првата половина од годинава во јавното претпријатие „Водовод“, информираа денеска надлежните. Во зависност од месеците наплатата се движи од 59 до 61, 5 проценти.

- Наплатата во овој период сè уште не бележи зголемување, тоа го очекуваме во наредниот период (август, септември, октомври) додека да пристигнат првите високи сметки за потрошена електрична енергија, така и кај нас оди наплатата, во летните месеци е поголема додека во месеците каде што доаѓа до зголемена потрошувачка на електрична енергија секогаш е приоритет затоа што и помала е толеранцијата во тој дел. Претпријатието за физичките лица има повисоа толаренција и тужбите за неплатени сметки се по 11 месеци, но би апелирал да не ги акумулираат својот долг, да ги плаќаат сметките, изјави директорот на „Водовод“, Оливер Стојмановски.

Одговорните укажуваат дека со навремената исплата се овозможува редовно функционирање на претпријатието, што значи навремена испорака на доволно количини на вода во сите делови од градот, се покриваат трошоците за редовното сервисирање и поправање на дефекти на водоводната, канализациската мрежа. Во овој период за да се обезбеди дотур на вода ангажирани се и пумпните станици, зголеменени се трошоците за потрошувачката на електрична енергија од 35 до 40 проценти. За претпријатието и понатаму најскапо е и одржувањето на пречистителната станица.

- Од тој дел мора да се апелира навистина поготово во оние рурални средини мора луѓето да избегнуваат да полеваат дворови, да се полнат базени, да се наводнуваат бавчи од онаа вода што е наменета за пиење, затоа што и самиот процес за добивање на таа вода е скап, а за жал, во тие делови бележиме и голема кражба на вода којашто ние законски не можеме да ја спречиме, немаме механизми, не можеме да влегуваме во дворови да вршиме проверки, само имаме индиции и тоа можеме да го пријавиме во полиција и толку се нашите надлежности, изјави Стојмановски.

Потрошувачката на вода во Куманово е значително висока последниов период. Во одредени периоди од денот се движи и до 340 литри вода во секунда. Покрај главниот вод, од 120 литри во секунда вклучен е бајпас од 145 литри во секунда, Бедиње 50 литри, „Митев мост“ 25 литри и во функција се резервоарите од „Бајрам Шабани“ и населбата „Карпош“ кои дополнуваат вода за време на ноќните часови. ам/


Фото МИА 

Остани поврзан