• петок, 28 јуни 2024

Ѓорѓиевски: Знаењата и искуствата од проектот на СДЦ ќе дадат придонес во нула корупција и администрација во служба на граѓаните

Ѓорѓиевски: Знаењата и искуствата од проектот на СДЦ ќе дадат придонес во нула корупција и администрација во служба на граѓаните

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари состанок со главната директорка на програми Стефани Руст, вишиот директор Роберт Скот Хајзлет и градоначалниците кои учествуваат во проектот за зајакнување на општинската отпорност на корупција на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Ѓорѓиевски даде поддршка на учесниците на проектот посочувајќи дека стекнатото знаење ќе придонесе до нула корупција и администрација во служба на граѓаните.

На состанокот, што се одржа во НДИ Македонија, учествуваше и Дејвид Сип, тим лидерот на овој проект. 

-За време на состанокот, разговаравме за општинските ризици за корупција. Лично сметам дека императивот на секоја локална самоуправа е да обезбеди квалитетни услуги за своите граѓани и затоа најмногу нѐ засега јакнењето на капацитетите на администрацијата бидејќи само со транспарентно и отчетно работење, можеме да говориме за намалување на можностите за корупција која води до губење на довербата на граѓаните во системот, посочи Ѓорѓиевски.

Тој напомена дека транспарентноста е една од најдобрите алатки за борба против корупцијата.

-Како претседател на ЗЕЛС, давам безрезервна поддршка на општините и градоначалниците кои учествуваат во овој пилот-проект за борба против корупцијата и убеден сум дека со стекнатите знаења и искуства од оваа програма ќе дадат придонес во остварувањето на нашата цел, а тоа е нула корупција и администрација во служба само и само на граѓаните, додаде Ѓорѓиевски.бт/дма/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан