• недела, 22 декември 2024

Во Битола почна изградба на велосипедски патеки

Во Битола почна изградба на велосипедски патеки

Битола, 21 октомври 2024 (МИА) - Општина Битола почна со изгрдаба на велосипедски патеки чиј почеток е од улицата „Васко Карангелевски“ и по улицата „Партизанска“ во должина од над пет километри.

Од секторот за односи со јавност соопштија дека велопатеката ќе биде од двете страни на улицата „Партизанска“ за што обезбедени се 425.000 евра. Средства има и за целосна реализација на проектот кој треба да заврши во рок од 120 работни денови, информираа од тамошната локална самоуправа.

Увид на почетокот на градежните работи изврши градоначалникот Тони Коњановски. мт/сст/

фото Општина Битола

Остани поврзан