• недела, 22 декември 2024

Огранок на ПС за Пустец: Од политички побуди уапсен е човекот кој искрено ги поддржува правата на Македонците

Огранок на ПС за Пустец: Од политички побуди уапсен е човекот кој искрено ги поддржува правата на Македонците

Пустец, 21 октомври 2024 (МИА) - Огранокот на Партијата на слободата за општина Пустец, остро реагираше во однос на апсењето на партискиот лидер Илир Мета и „нечовечкиот однос при овој чин“.

-Ова не е ништо друго туку политички прогон од страна на премиерот Еди Рама врз претседателот Илир Мета, што во Албанија е сериозен показател за влошувањето на демократијата и злоупотребата на власта. Ова ќе ја дестабилизира политичката сцена, зашто е  директен напад врз независноста на институциите и личните слободи, објави Панди Јани, претседател на огранокот и познат активист за правата на Макдонците.

Додава дека „претседателот Мета, познат по своите критики кон владините политики, е цел на обвиненија и политички притисоци, што предизвикува загриженост кај домашната и меѓународната јавност“.

-Особено ние, Македонците во Република Албанија, сме длабоко загрижени од нечовечкиот однос и приведувањето на претседателот Илир Мета, единствениот политичар, кој јавно и искрено ги поддржа нашите права и интереси, кој секогаш знае да каже за нас прекрасната македонска заедница.  Овој чин е удар врз демократијата и малцинските права, што може да има далекусежни последици врз стабилноста и мултиетничката хармонија во Албанија, се наведува во соопштението.

Се посочува дека ова е „добро смислен удар врз целата опозиција“, пред парламентарните избори што треба да се одржат во април идната година. вт/сст/
 
Фото: Огранок на ПС за Пустец

 

Остани поврзан