Хрватскиот министер за одбрана поднесе оставка
- Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ вечерва поднесе оставка, откако воен авион попладнево околу 16 часот се урна во близина Задар, при што загинаа двајца припадници на Хрватското
Загреб, 7 мај 2020 (МИА) - Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ вечерва поднесе оставка, откако воен авион попладнево околу 16 часот се урна во близина Задар, при што загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство.
- Поднесувам оставка на местото вицепремиер и министер за одбрана, рече Крстичевиќ на вонредна прес-конференција, додавајќи дека ќе почне истрага за несреќата.
Хрватското Министерство за одбрана претходно ја потврди несреќата и соопшти дека станувало збор за редовен лет за обука.
На местото на настанот се наоѓаат сите надлежни служби. паг/