• понеделник, 21 октомври 2024

Хамас: За една година загинаа над 42.000 Палестинци

Хамас: За една година загинаа над 42.000 Палестинци

Газа, 20 октомври 2024 (МИА) – Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа загинале 84 луѓе, меѓу кои има и жени и деца.

При израелските напади врз Појасот Газа повредени се 158 лица.

Од почетокот на израелската воена офанзива на 7 октомври минатата година вкупно загинаа 42.603 луѓе, а 99.795 се повредени.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху пред неколку дена најави дека борбите ќе продолжат сè додека не бидат ослободени сите заложници од страна на Хамас. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан