• среда, 25 декември 2024

Бразилскиот претседател Лула го откажа своето патување во Русија на самитот на БРИКС по несреќа

Бразилскиот претседател Лула го откажа своето патување во Русија на самитот на БРИКС по несреќа

Сао Пауло, 20 октомври 2024 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го откажа своето патување на самитот на БРИКС во Русија, откако му се случи несреќа дома, која го остави со расекотина на вратот, соопшти денеска неговиот кабинет.

Лула требаше да присуствува на самитот на БРИКС во градот Казан од вторник до четврток оваа недела.

Болницата во Сао Паоло соопшти дека на левичарскиот лидер му било наредено да не оди на долги патувања, но може да продолжи со други активности. Лекарите рекоа дека редовно ќе го проверуваат закрепнувањето на Лула.

Бразилското претседателство во посебна изјава соопшти дека Лула ќе учествува на самитот преку видео конференција и ќе продолжи со својата работа оваа недела. Не е соопштено што ја предизвикало повредата на претседателот. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан