• понеделник, 23 декември 2024

Илјадници луѓе се приклучија на протестите против масовниот туризам на Канарските Острови

Илјадници луѓе се приклучија на протестите против масовниот туризам на Канарските Острови

Мадрид, 20 октомври 2024 (МИА) - Околу 10.000 луѓе се приклучија на демонстрациите против масовниот туризам на Канарските острови, според проценките на полицијата.

Протестите на шпанските острови наредени од одморалиштата следат по демонстрациите во април кога повеќе од 55.000 луѓе излегоа на улиците, според бројките на официјалните лица.

Најновите демонстрации се одржаа во одморалиштето Маспаломас на Гран Канарија, Тенерифе, Фуертевентура, Ланзароте, Ла Палма и Ел Хиеро, меѓу другите места.

Учесниците држеа плакати со слогани што значеа „Ние сме странци во нашата земја“ или „Канарските острови не се тематски парк“.

Туристичката индустрија сочинува речиси 14 отсто од економскиот аутпут на Шпанија. На Канарските острови отпаѓа 35 посто, на Мајорка дури 45 проценти. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан