• понеделник, 01 јули 2024

Фудбалерите на Барселона пристигнаа во клупската база повеќе од два часа пред почетокот на првиот тренинг под водство на Чави

Фудбалерите на Барселона пристигнаа во клупската база повеќе од два часа пред почетокот на првиот тренинг под водство на Чави
Барселона, 9 ноември 2021 (МИА) - Новиот тренер на Барселона, Чави денеска ќе го има првиот тренинг со каталонскиот тим. Прозивката на која ќе ја изврши 41-годишниот Каталонец е закажана за 11 часот, но играчите на Барселона пристигнаа во базата на клубот многу порано од вообичаено. Самиот Чави пристигна пред 9 часот наутро. Веднаш по него, повеќе од два часа пред почетокот на тренингот се појавија: Ерик Гарсија, Ињаки Пења, Мартин Брејтвејт, Педри, Ансумане Фати, Нико Гонзалес, Серхи Роберто, Жерар Пике, Лук де Јонг, Рикар Пуч, Оскар Мингез, Самуел Умтити, Сержињо Дест и Нето. Чави ќе има разговор со играчите пред почетокот на тренингот. зс/

Остани поврзан