• вторник, 02 јули 2024

Флик ги започнува подготовките за својата работа како главен тренер во Барселона

Флик ги започнува подготовките за својата работа како главен тренер во Барселона

Берлин, 12 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот селектор на германската репрезентација и Баерн Минхен Ханс Дитер Флик наскоро може да ја предводи Барселона.

Според новинарот и инсајдер Алфредо Мартинез, специјалистот веќе почнал да се подготвува за работа во каталонскиот клуб. Го учи јазикот и бара помошници кои ќе му помагаат во Барселона.

Претходно се дозна дека Чави ќе ја напушти функцијата во Барселона на крајот од сезоната.

Во септември 2023 година, Флик го напушти селекторското место во германската фудбалска репрезентација. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан