• понеделник, 12 август 2024

Филипче учествуваше на состанок на Управниот одбор на МАТТО

Филипче учествуваше на состанок на Управниот одбор на МАТТО

Скопје, 15 јули 2021 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче учествуваше на состанок на Управниот одбор на Македонско-турската стопанска комора во Македонија (МАТТО), при што во обраќето на присутните и се заблагодари за помошта и поддршката која многу компании членки на Комората ја дадоа на јавното здравство, на бизнис заедницата, како и на населението во услови на пандемијата. 

Како што информира Министерството за здравство, на состанокот Филипче ја истакна средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и донацијата на вакцини, која нашата земја ја доби од Турција и беше значајна за нас.

- Особено важно за сите нас е што во периодот на пандемијата видовме колку значи поддршката која меѓусебно ја даваме и ги обедини сите држави во светот, додаде Филипче. 

Министерот Филипче истакна колку е важна и значајна едукацијата во здравствениот систем, која со години била запоставувана, како и значењето на приватниот капитал во здравствениот систем, кој е еден сегмент од целокупното здравство, а кој во услови на пандемијата покажа дека може добро да се справи со целата ситуација.

Претседателот на Комората, Ајдован Адемоски истакна дека МАТТО е петти партнер во областа на инвестициите на Северна Македонија и осми во областа на трговијата.  

- Моменталниот обем на трговија изнесува околу 500 милиони долари. Мисија на МАТТО е и да биде економски мост помеѓу двете земји. Иако МАТТО е Стопанска комора, таа е исто така и истражувачка организација бидејќи поддршката која и ја пружа на нејзините членови и сродни компании во голема мера се заснова на информации и контакти, рече Адемоски.

Министерството за здравство информира дека има долгогодишна соработка со МАТТО и бележи исклучителна поддршка во унапредување на македонскиот здравствен систем низ годините, а исклучително во изминатите неколку години. мд/сп/

Остани поврзан