• четврток, 19 септември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово вчера (11 август 2024)  во 12.30 часот во кумановското село Романовце го привеле С.Ш.(26) од с.Романовце.

Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

С.Ш. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

На 11.08.2024 во 10.30 часот во с.Слупчане, општина Липково, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Н.М.(51) од с.Слупчане, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за доиздржување на казна затвор.

Н.М. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против А.Е.(23) од с.Добридол, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 10.07.2024 во с.Топлица, општина Врапчиште, поради претходно нарушени односи, пријавениот физички го нападнал С.Ј.(18) од с.Дебреше, по што со тврд предмет го оштетил и неговото возило.

На 11.08.2024 во 20.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат од гостиварско Врапчиште кон автопатот, Х.У.(65) од с.Врапчиште, Гостиварско, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.

Притоа, Х.У. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото на нереќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

На 11.08.2024 во СВР Куманово било пријавено дека околу 18.30 часот на ул.„Пиринска Македонија“ во Куманово, трактор со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетничка од с.Градиште, Кумановско, се превртел на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека малолетна сопатничка се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.    

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Л.Т.(18) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „одземање моторно возило“ и едно кривично дело „кражба“.

Ноќта помеѓу 30/31 јануари 2024 во Тетово, пријавениот одзел две заклучени паркирани возила „фолксваген голф“ и „мерцедес“, а исто така, одзел и едно незаклучено паркирано возило „мерцедес“, кои биле пронајдени и вратени на сопствениците.

На 11.08.2024 во 11.30 часот во Скопје, на подрачје на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Д.Џ.(20) и 35-годишната Џ.К.М., двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавнит ред и мир и агресивно се однесувале кон случајните минувачи.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

На 11.08.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 на подрачјето на Гази Баба, поради претходно недоразбирање и нерасчистени должничко-доверителски односи, настанала физичка пресметка помеѓу Љ.Б.(58) и Н.Д.(48), двајцата од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети.

Против двајцата се поднесени соодветни поднесоци.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Ф.(66) од с.Пирок, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

На парцели во државна сопственост во с.Пирок, пријавениот изградил потпорен ѕид без да поседува одобрение за градба.

На 11.08.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг Ќ.Г.(41) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.08.2024 во 16.00 часот во ОВР Берово било пријавено дека на место викано „Еленско блато“ во с.Буковиќ, Пехчевско, каде што било интервенирано за гаснење на шумскиот пожар, целосно изгорело возило комбе со пехчевски регистарски ознаки, сопственост на општина Пехчево, кое било дадено на користење на доброволци цивилни лица кои учествуваат во гаснењето.

Исто така, во 18.20 часот било пријавено дека за време на гаснење на пожарот пет лица доброволци: И.С.(42), Т.Ц.(48), Д.В.(41), М.Н.(64) и Т.А.(57) вдишиле чад и се здобиле со повреди, по што им била укажана помош од Итна медицинска помош Пехчево.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.З.(40) од с.Копачин Дол, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Во текот на 2023 година на парцела во државна сопственост во с.Копачин Дол, пријавениот изградил викенд куќа без да поседува соодветна документација за градба.

На 11.08.2024 во 16.14 часот во СВР Скопје, Р.Џ.(37) од с.Елево, општина Студеничани, пријавил дека во с.Батинци, општина Студеничани, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и на нива му биле опожарени 500 бали со сено.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На местото каде настанал пожарот била пронајдена кутија од искористен огномет. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

На 11.08.2024 околу 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.С.(40) од Битола проголтал пакување со прашкаста материја и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје за укажување помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А.(52) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.

Пријавениот ја вознемирувал и следел неговата 37-годишна поранешна партнерка.

На 11.08.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Чаир, С.М.(46) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ѓ.Р.(20), лице со здравствени проблеми.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 11.08.2024 во 23.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.У.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил А.Х.(12), кој со решение од Центарот за социјални работи му бил даден на згрижување, а кој и претходно неколку пати се оддалечувал и бил пронаоѓан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. хс/

Фото: МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан