• недела, 22 декември 2024

Велика Британија, Франција и Германија предупредија дека Иран ќе сноси последици доколку го нападне Израел

Велика Британија, Франција и Германија предупредија дека Иран ќе сноси последици доколку го нападне Израел

Лондон, Париз, Берлин, 12 август 2024 (МИА) - Иран ќе „сноси одговорност“ за каков било напад врз Израел „што би довело до ескалација на тензиите во регионот“ и што би ја загрозило можноста за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Појасот Газа, се вели во заедничката изјава на Велика Британија, Франција и Германија.

Британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц го повикаа Иран „и неговите сателити“ да се воздржат од напади, додавајќи дека се согласуваат со земјите посредници, т.е. САД, Египет и Катар, дека не смее да има повеќе одложувања во преговорите меѓу Хамас и Израел, пренесува Политико.

Претходно порталот Аксиос објави дека израелските безбедносни служби веруваат дека напад од Иран врз таа земја може да се случи во наредните денови. Иран предупреди дека ќе го нападне Иран како одмазда откако лидерот на Хамас Исмаел Ханије беше убиен во Техеран, за што Израел не презеде одговорност. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан