• вторник, 14 јануари 2025

Општина Велес ги одобри барањата за субвенции на физички лица за купен велосипед

Општина Велес ги одобри  барањата за субвенции на физички лица за купен велосипед

Велес,12 август 2024 (МИА) - По завршувањето на јавниот повик и спроведување на административните процедури од страна на комисијата, градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша решението за одобрување на барањата за субвенции на физички лица за купен велосипед.

Како што информира Колев, сите пристигнати барања за овој повик се во рамките на предвидениот буџет, поради што одобрени се барањата на сите лица кои ги исполнија условите.

Субвенции за купен велосипед им се одобрени на 13 граѓани од кои 12 добиле по 4500, а само еден  подносител на барање  4000 денари.

Списокот со добитници е објавен на веб страницата на Општина Велес.

Инаку наскоро треба да се состанат општинските комисии по распишаните конкурси за субвенции за инвертар клима и за сончев термален колектор.ад/са/

Фото: Општина Велес

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан