• недела, 26 мај 2024

ФИБА го истражува инцидентот со Фуркан Коркмаз

ФИБА го истражува инцидентот со Фуркан Коркмаз
Тбилиси, 6 септември 2022 (МИА) - Организаторот на Евробаскет 2022 официјално објави дека го истражува инцидент во кој беа вмешани играчи и членови на репрезентации за време на неделниот натпревар меѓу Турција и Грузија (83:88 по две продолженија). Кошаркарот на турската репрезентација Фуркан Коркмаз тврди дека во просторијата под трибините го нападнале тројца играчи на грузиската репрезентација и двајца редари. Според медиумите, станува збор за Торнике Шенгелија, Гога Битаџе и Дуда Санадзе. Селекторот на турскиот тим, Ергин Атаман, побара ФИБА да ја обезбеди безбедноста на неговите играчи. Потпретседателот на Турската кошаркарска федерација и поранешен играч Омер Онан побара санкции против репрезентацијата на Грузија. Грузиската кошаркарска федерација, пак, побара ФИБА да одговори на „провокативните акции“ на селекторот на турската репрезентација. зс/

Остани поврзан