• недела, 22 декември 2024

Пиоли се подготвува за ангажман во странство: Учам англиски

Пиоли се подготвува за ангажман во странство: Учам англиски


Милано, 26 мај 2024 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, откри дека почнал да учи англиски и се надева дека следната сезона ќе води тим од странство.
„Учам англиски и сакам да испробам нов предизвик во странство. Премиер лигата, се разбира, може да биде навистина добра и привлечна можност“, изјави Пиоли, цитиран од новинарот Фабрицио Романо.
Пиоли синоќа за последен пат беше на чело на Милан во ремито 3-3 на домашен терен против Салернитана во последното коло од Серија А.
Под негово водство Милан ја заврши сезоната на второто место и обезбеди пласман во Лигата на шампиони за следната сезона.
Милан го раскина договорот со Пиоли, кој беше со важност до крајот на јуни 2025. Пиоли го предводеше Милан од октомври 2019 година, а во сезоната 2021/22 тимот под негово водство тимот ја освои италијанската титула. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан