• недела, 30 јуни 2024

Кенијката Чебет постави светски рекорд на 10.000 метри

Кенијката Чебет постави светски рекорд на 10.000 метри


Јуџин, 26 мај 2024 година (МИА) – Кениската атлетичарка Беатрис Чебет постави нов светски рекорд на 10.000 метри митингот од Дијамантската лига во американскиот град Јуџин.
Чебет победи со време од 28:54,14 минути.
Таа го собори рекордот од 29:01.03 минути поставен од Летесенбет Гиди на 8 јуни 2021 година во Холандија.
Второто место на синоќешниот митинг Префонтејн во Јуџин го зазеде Гудаф Цегаи од Етиопија со време од 29:05,92 минути. ег ФОТО: Фејсбук
 

 

Остани поврзан