• недела, 23 јуни 2024

Медиуми: Де Брујне ќе потпише нов договор со Сити

Медиуми: Де Брујне ќе потпише нов договор со Сити


Лондон, 26 мај 2024 (МИА) – Играчот од средниот ред на англискиот шампион Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, ќе потпише нов договор со клубот, објави денеска лондонски „Мирор“.
Според информациите, 32-годишниот Белгиец има намера да остане во англискиот клуб и покрај интересот на клубови од Саудиска Арабија.
Актуелниот договор на Де Брујне со Манчестер Сити е до 30 јуни 2025 година.
Манчестер сити оваа сезона ја одбрани шампионската титула во Премиер лигата, а Де Брујне придонесе со шест голови и 18 асистенции на 26 натпревари, постигна 6 гола и направи 18 асистенции. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан