• четврток, 04 јули 2024

Бањаја ја освои ГН на Каталонија

Бањаја ја освои ГН на Каталонија

 

Барселона, 26 мај 2024 (МИА) – Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) победи денеска во трката за Големата награда на Каталонија во категоријата МотоГП, минувајќи прв низ пред Шпанецот Хорхе Мартин (Дукати-Прамак).

Откако во саботата падна во последниот круг од спринтерската трка додека беше во водство, актуелниот двократен светски шампион се реваншираше победувајќи го лидерот во генералниот пласман, додека Шпанецот Марк Маркез (Дукати-Гресини) заврши трет.

Следната трка од Светското првенство во мотоциклизам во класата МотоГП е закажана за следниот викенд во Муџело во Италија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан