• понеделник, 15 декември 2025

Фенербахче планира да го продолжи договорот со Мурињо

Фенербахче планира да го продолжи договорот со Мурињо

Истанбул, 6 март 2025 (МИА) - Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо е пред продолжување на договорот со клубот од Истанбул.

Според „АС“, раководството на турскиот клуб е задоволно од резултатите на тимот под водство на 62-годишниот Португалец, па се очекува во блиска иднина ќе му понудат нов договор. Актуелниот договор на Мурињо истекува во летото 2026 година.

Мурињо ја презеде тренерската функција во Фенербахче во јули 2024 година. Под негово водство тимот одигра 42 натпревари, победи 27, 10 пати ремизираше и загуби пет натпревари.

Фенербахче по 25 кола е на второто место во турскиот шампионат со 61 бод, четири помалку од лидерот Галатасарај.

Вечер од 18:45 часот Фенербахче ќе му гостува на Ренџерс во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан