• понеделник, 15 декември 2025

Ван Дајк: Салах е многу важен за Ливерпул

Ван Дајк: Салах е многу важен за Ливерпул

Ливерпул, 14 декември 2025 (МИА) - Одбранбениот фудбалер и капитен на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ја коментираше ситуацијата околу напаѓачот Мохамед Салах.

- Сите се надеваме дека Салах ќе се врати, но немаме поим што ќе се случи. Се надевам дека Салах ќе остане бидејќи е еден од лидерите на тимот, тој е многу важен за нас, го цитираше играчот новинарот Фабрицио Романо.

Вчера, 33-годишниот Египќанец го одигра својот прв натпревар откако се врати во тимот. Тој во победата на „Црвените“ против Брајтон во 16-то коло од Премиер лигата имаше една асистенција.

Претходно, Салах го пропушти поразот од Интер во Лигата на шампионите со 1:0 поради јавни критики кон Ливерпул и тренерот Арне Слот по ремито 3:3 со Лидс во 15. коло од Премиер лигата, кога 33-годишниот Египќанец го помина целиот натпревар на клупата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан