• понеделник, 15 декември 2025

МЗТ Скопје убедлив во градското дерби со Работнички

МЗТ Скопје убедлив во градското дерби со Работнички

Скопје, 14 октомври 2025 (МИА) – Во градското дерби, 169. по ред, МЗТ Скопје вечерва во СРЦ „Кале“ забележа убедлива победа против својот вечен ривал Работнички со 90:72.

Гостите од Аеродром доминираа во првото полувреме и двоцифрената предност ја зачуваа до крајот.

Во деветтата победа на МЗТ Скопје Аеродром во десет одиграни мечеви во „МТЕЛ“ Супер лигата, МекКејден го заврши дербито со 22 поени (четири скока и две асистенции), Војдан Стојановски имаше 18 поени (четири скока и две асистенции), Петков дојде до 17, а Магдевски до 12 поени (плус шест асистенции и пет скока).

Кај Работнички, кој сега е на половичен ефект (5-5), најефикасен беше Алстон со 20 поени, Наков имаше 17 (пет скока), Ефремовски 14 поени и два скока, а дабл-дабл ефект од 10 поени и 14 скока, имаше Рикиќ.

Резултати 10. коло од кошаркарската Супер лига:

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 72:90

Маџари – Феникс 85:80

Чаир – Ангели 103:79

Тиквеш – Пелистер 76:99

Гостивар – ТФТ 83:93

Кожув – МКК Куманово (играат вечерва).

Лидер на табелата е ТФТ со 19 бода, МЗТ Скопје има 18, Пелистер 17. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан