• вторник, 16 декември 2025

Фабрегас: Рома беше многу силна физички, имаа квалитет што му недостасува на Комо

Фабрегас: Рома беше многу силна физички, имаа квалитет што му недостасува на Комо

Рим, 16 декември 2025 (МИА) - Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, го коментираше поразот од 1:0 на гости против Рома во 15. коло синоќа во натпревар од италијанското фудбалско првенство.

- Рома беше многу силна физички, имаа квалитет што ни недостасува нам. Кога играте против толку физички моќен тим, со такви играчи, или играте фудбал или мора да се обидувате со долги топки, во спротивно станува тешко. Горд сум на тимот во смисла дека се боревме до крај. Честитки до Рома, одиграа добар натпревар, играјќи со одлична физичка подготвеност. Мислам дека имаат многу силен играч во Соуле, тој ќе биде одличен фудбалер во иднина. Да уживаме во него тука во Италија. Верувам дека наскоро ќе стане играч од врвно ниво, а денес направи разлика, изјави Фабрегас за „DAZN“.

Комо е седми на табелата во Серија А со 24 бода по 15 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан