• вторник, 13 јануари 2026

Димевски оствари средба со Јаковос Филипусис, генерален секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри

Димевски оствари средба со Јаковос Филипусис, генерален секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри

Скопје, 16 декември 2025 (МИА) - Претседателот на македонскиот Олимписки комитет, Даниел Димевски, придружуван од генералниот секретар Ѓорги Тасев и раководителот на сектор спорт, Петар Спасеновски, оствари работна средба со Јаковос Филипусис, генерален секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (ICMG).

Како што се наведува во соопштението од Олимпискиот комитет, во фокусот на разговорите биле подготовките за претстојните 20-ти Медитерански игри, кои ќе се одржат во Таранто, Италија, во 2026 година. Биле разменети клучни информации околу организациските аспекти и учеството на македонската делегација, со цел обезбедување на најдобри услови за нашите спортисти на овој престижен настан.

Средбата, како што се наведува во соопштението, поминала во исклучително конструктивна атмосфера, потврдувајќи ја одличната соработка и заедничката визија за успешен настап на игрите во Таранто. дма/сст/

Фото: МОК

Остани поврзан