• вторник, 13 јануари 2026

Првиот човек на ФФМ на состанок на Олимпискиот комитет на ФИФА

Првиот човек на ФФМ на состанок на Олимпискиот комитет на ФИФА

Доха, 16.декември 2025 (МИА) – Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ присуствуваше на состанокот на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА што се одржа во Доха. На овој состанок беше присутен и првиот човек на ФИФА претседателот Џани Инфантино.

Овој комитет има за цел да работи на унапредување и координација на развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри и е во тесна соработка со Интернационалниот Олимписки комитет пред сè за прашањата поврзани за присутноста на фудбалот на Игрите.

Македонија има свој претставник во Доха, каде се одржува и централниот настан доделувањето на наградите „The Best“. мн/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан