• вторник, 13 јануари 2026

ФИФА му забрани трансфери на ФК Партизан до летото во 2027 година

ФИФА му забрани трансфери на ФК Партизан до летото во 2027 година

Белград, 16.декември 2025 (МИА) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) – му одреди казна на ФК Партизан за трансфери во следните три преодни рока. Казната ќе биде автоматски „симната“ доколку Управата на клубот направи исплата на долгот, како во претходните случаи за екипите кои се наоѓаат на списокот на суспендирани од страна на ФИФА.

Казната за Партизан е поради долгот од 1,3 милиони евра кон поранешниот играч Патрик Андраде. Тој за клубот од Белград во една сезона одигра 26 натпревари. Фудбалерот тужба против клубот поднесе минатата година

Дополнителен проблем за „црно-белите“ е и тоа што клубот ќе мора брзо да реагира и да биде на „нула“ за да може да добие лиценца за настап во европските купови за следната сезона. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан