• среда, 04 март 2026

Ниту 42 поени на Дончиќ на им помогнаа на Лејкерс да го избегнат третиот пораз по ред

Ниту 42 поени на Дончиќ на им помогнаа на Лејкерс да го избегнат третиот пораз по ред

Сакраменто, 13 јануари 2026 (МИА) - Лос Анџелес лејкерси ноќеска загубија од Сакраменто на гостински терен со 124:112.

ПНајефикасен на теренот беше Лука Дончиќ со 42 поени. Во домашниот тим се истакна Демар ДеРозан со 32 поена.

Лејкерси го претрпеа својот трет пораз по ред и се петти во Западната конференција на НБА. Сакраменто е 14. на Запад.

На другите средби од НБА-лигата одиграни ноќта понеделник кон вторник постигнати се следниве резултати: 
Кливленд – Јута 112:123
Индијана – Бостон 98:96
Торонто – Филаделфија 102:115
Далас – Бруклин 113:105
Лос Анџелес клиперс – Шарлот 117:109. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан