• среда, 04 март 2026

ПСЖ без осминафинале во Купот на Франција за прв пат по 12 години

ПСЖ без осминафинале во Купот на Франција за прв пат по 12 години

Париз, 13 јануари 2026 (МИА) - ПСЖ синоќа загуби од Париз со 1:0 на домашен терен во 1/16 финалето на Купот на Франција.

Ова е прва елиминација во оваа фаза на францускиот фудбалски великан во последните 12 години.

Во 2014 година пари Сен-Жермен загуби со 2:1 од Монпелје во 1/16 финалето.

ПСЖ го освои Францускиот Куп во сезоните 2023/24 и 2024/25.

Во домашниот шампионат ПСЖ е втор на табелата со 39 бода по 17 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан