• вторник, 13 јануари 2026

Кансело потпишува договор со Барселона

Кансело потпишува договор со Барселона

Барселона, 12.јануари 2026 (МИА) – Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело ќе потпише договор со Барселона. 31-годишниот фудбалер ги мина лекарските прегледи и се очекува утре да потпише договор и да биде претставен како нов играч на „каталонскиот клуб“.

Ова всушност е негово „враќање“ во Барселона откако во сезоната 2023/24 настапуваше во Барселона како позајмен играч. Во Барселона тој доаѓа од Ал Хилал.

Во својата кариера португалскиот репрезентативец има настапувано за Бенфика, Валенсија, Интер, Јувентус, Манчестер Сити и Баерн. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан