• петок, 22 ноември 2024

У17: Минимален пораз на македонските фудбалери од Австрија

У17: Минимален пораз на македонските фудбалери од Австрија
Скопје, 26 мај 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби од Австрија (0-1) на гостински терен во рамки на првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции. Единствениот погодок беше постигнат во завршните секунди од првото полувреме, а избраниците на селекторот Тони Јакимовски пропуштија неколку одлични можности пред противничкиот голман. Првата добра можност, Македонија ја имаше уште во 5. минута од мечот. Одличен слободен удар изведе капитенот Ѓорѓиевски, но неговиот удар заврши над голот на противничкиот голман. Во 24. минута одлична прилика не успеа да искористи Дошев. И во продолжението, Македонија играше добро, создаваше шанси, но не успеа да реализира ниту една од нив. За издвојување се можностите на Величковски во 58. минута и Абиола во 76. минута. ег/ар/

Остани поврзан