• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс

Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во  Камбрилс

Камбрилс, 31 март 2025 (МИА) – Македонската велосипедистка Дуња Иванова викендот го освои второто место на маратонот во шпанското приморското гратче Камбрилс.

Маратонот - Куп во планински велосипедизам беше дел од  календарот на Светската велосипедска федерација УЦИ. 

На маратонот во организација на „БТТ“ учествуваа 300 натпреварувачи од целиот свет.

Иванова која е членка на клубот Енерџи се натпреваруваше во сениорска конкуренција. Таа 63 километри со висинска разлика од 1.400 метри, ги извози во услови на силен ветер, пустински и каменести предели и исклучително технички спустови типични за шпанските планински маратони. 

Победата ѝ припадна на Пилар Фернандез Хернандез од тимот на ИСБ Фактори, додека третата позиција ја освои Торес Хугес Лорелеи од ФАЦ, и двете од Шпанија.

Со овој пласман и освоени 25 поени, Иванова ја подобри својата позиција на Светската МТБ ранг-листа.

Веќе следната недела ја очекува нов предзвик на маратонот Гарда во Италија, како дел од подготвителните натпревари за пикот на оваа сезона во Италија и во Швајцарија. зс/

Остани поврзан