• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Флик го одби трансферот на Дијаз во Барселона

Флик го одби трансферот на Дијаз во Барселона

Барселона, 1 април 2025 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик не го одобри трансферот на крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз, пренесува „Ел Национал“.

Иако раководството на Барселона размислува да го ангажира 28-годишниот Колумбиец, Флик смета дека неговата возраст е пречка за трансферот. Германецот сака да се фокусира на млади играчи кои можат да се докажат на среден и долг рок.

Флик го фаворизира потпишувањето на 22-годишниот крилен напаѓач на Атлетик, Нико Вилијамс. Пријателските односи на Нико со Ламине Јамал ​​и Алекс Балде може да му ја олесни преселбата на баскискиот фудбалер.

Луис Дијаз оваа сезона на клупско ниво на 42 натпревари постигна 13 гола и имаше седум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан