Утре пет и пол часа без струја целиот рекански регион, Општина Маврово и Ростуше
- Во целиот рекански регион, Општина Маврово и Ростуше, утре пет и пол часа ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Дебар, 28 октомври 2025 (МИА) - Во целиот рекански регион, Општина Маврово и Ростуше, утре пет и пол часа ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија.
-Утре, 29 октомври, во период од 9:30 до 15 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите во реканскиот регион. Тоа поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи-Дебар.
Подрачјето на Река е дел од дебарското конзумно подрачје, кое ги опфаќа и општините Дебар и Центар Жупа. вт/сст/
Фото МИА архива