• сабота, 04 мај 2024

Трка на дедомразовци во Кавадарци 

Трка на дедомразовци во Кавадарци 

Кавадарци, 30 декември 2023 (МИА) - Трка на дедомразовци се реализираше денеска во центарот на Кавадарци. 

Дегустација на греано вино, трка на дедомразовци, натпревар за најбрзо накитена елка, се само дел од настаните кои се дел од предновогодишната програма на Општина Кавадарци. 

- Во пресрет на Новата 2024 година најавивме богата програма, повикавме сите да ни се придружат за заедно да празнуваме и уживаме. Деновиве имавме божиќен пазар, дегустација на топол чај и божиќни колачиња, новогодишна работилница, хуманитарна продажба на новогодишни дела, забава со спектакуларни маскоти, фотографирање со Дедо Мраз, настап на исполнители од музичкото детско фестивалче ,,Гроздоберче" и новогодишна бајка, информираа од Општината. 

Планиран е и дочек на новогодишната ноќ со настап на ,,Екстра бенд плус" и спектакуларен огномет. свд/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан