• петок, 17 мај 2024

Таткото на Мбапе: Не е важно дали Килијан ќе учествува на Олимпијадата

Таткото на Мбапе: Не е важно дали Килијан ќе учествува на Олимпијадата

Париз, 30 април 2024 (МИА) - Во Франција продолжуваат полемиките дали фудбалската ѕвезда на оваа земја, Килијан Мбапе ќе учествува на Олимписките игри во тимот на „триколорите“ предводен од селекторот Тиери Анри.

Евентуалниот иден клуб на Мбапе, Реал Мадрид веќе најави дека нема да ги пушти своите играчи за Олимпијадата, ниту пак е обврзан.

- Дали Калијан ќе биде таму или не, не е важно. Она што е важно е дека Олимпијадата е во Франција и дека целиот свет ќе ги гледа, а не дали ќе играат Мпабе и Вембањама. Не знам што ќе се случи, има кој да одлучи за тоа. Но, што и да се случи, Килијан е среќен бидејќи Игрите ќе бидат во Франција, изјави таткото на фудбалерот Вилфрид за „Радио Франс“.

Францускиот претседател Емануел Макрон и министерката за спорт на земјата Амели Оудеа-Кастера веќе го повикаа Мбапе да игра за францускиот национален тим. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан