• петок, 05 јули 2024

Пелистер во финалето на ракометниот Куп на Македонија

Пелистер во финалето на ракометниот Куп на Македонија

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Ракометниот клуб Пелистер се пласираше во финалето на Купот на Македонија откако славеше со 29:33 (13:16) против Тиквеш.

Битолчани ја оправдаа фаворитската улога, но се помачија за да дојдат до победата.

Радивојевиќ со десет голови беше најдобар во составот на Пелистер, Кузмановски даде пет, по четири реализираа Тајник и Пешевски.

За Тиквеш, Симиќ и Мијатовиќ дадоа по пет гола.

Во битката за трофејот, Пелистер ќе ги измери силите со подобриот од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид.

Нивниот натпревар се игра утре со почеток од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“. дс

Фото: РФМ

Остани поврзан