• петок, 05 јули 2024

Руни кон раководството на Јунајтед: Задржете го Бруно и ослободете се од другите

Руни кон раководството на Јунајтед: Задржете го Бруно и ослободете се од другите

Манчестер, 16 мај 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед не може да се опорави по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, а дијагнозата ја даде легендарниот напаѓач на клубот Вејн Руни, кој сега работи како тренер.

Популарниот Ваза смета дека од сите играчи, треба да остане само Бруно Фернандеш.

– Мора да изградите тим околу Бруно. Тој е квалитетен играч, подготвен за борба. И тогаш, мислам, треба да се ослободите од сите други играчи. Ги задржувате младите играчи и го задржувате Бруно. Мора да има масовна чистка. Нема да се заврши за една година, можеби две. Не ме сфаќајте погрешно, сите овие се добри играчи, но за да се натпреварувате во оваа лига, со Сити, Ливерпул и Арсенал ви требаат подобри играчи - изјави Руни.

На прашањето дали мисли и на Маркус Рашфорд, Руни даде интересен одговор.

- Сите знаеме дека Маркус е способен да игра на највисоко ниво, но не сме го виделе тоа. Се прашувам дали е време Маркус да оди и да игра на друго место. Тоа треба да се запраша. Мора да ја држи главата надолу и да тренира напорно, смета Руни.

На прашањето колку време ќе им треба на „црвените ѓаволи“ да закрепнат, поранешниот репрезентативец на Англија даде одговор кој нема да им се допадне на навивачите.

-Видете, на новите сопственици на Манчестер Сити им требаа 15 години за да ја освојат Лигата на шампионите. Тоа е потенцијално периодот што ќе биде потребен. Иако се надевам дека нема да трае толку долго, додаде тој. дс

Фото: Руни

 

Остани поврзан