• сабота, 15 јуни 2024

Едерсон го пропушта финалето на ФА Купот

Едерсон го пропушта финалето на ФА Купот

Лондон, 16 мај 2024 (МИА) - Првиот голман на Манчестер Сити, Едерсон, ќе ги пропушти последните два натпревари на тимот во сезоната. Тоа се мечот дома со Вест Хем од завршното коло од Премиер лигата и финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед. Причината е што Бразилецот добил мала скршеница во пределот на очната дупка.

Едерсон ја заработи повредата во дуелот со Тотенхем пред два дена по тешкиот судир со Кристијан Ромеро. Бразилецот остана на теренот неколку минути, но Пеп Гвардиола и неговиот штаб решија да го заменат. На негово место влезе Стефан Ортега кој имаше огромен придонес во победата на „граѓаните“ и направи три клучни одбрани до крајот на натпреварот, а највпечатлива беше неговата реакција во 86. минута кога Хјун-Мин Сон се најде очи во очи со него, но не можеше да го совлада. Ова значи дека Германецот најверојатно ќе брани на последните два натпревари на Сити.

Ортега во основа го започна секој натпревар од ФА Купот и Лига Купот за „граѓаните“ откако му се приклучи на Сити во летото 2022 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан