• недела, 28 април 2024

Средба на градоначалникот Мерко со мониторинг мисијата на УНЕСКО

Средба на градоначалникот Мерко со мониторинг мисијата на УНЕСКО

Струга, 28 март 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска се сретна со реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО за „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“.

На средбата, како што соопшти општинската прес-служба, било разговарано за моменталната состојба со крајбрежјето и предизвиците со кои се соочува Општина Струга, како и кои се најсоодветни чекори за во иднина со цел заштита на крајбрежјето и подобра урбана организација.

- Целта на средбата беше проценка на моменталната состојба на заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и споделување насоки за идните активности за соодветна заштита, стои во информацијата. сс/цр

Фото: Општина Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан