• недела, 05 мај 2024

Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

Скопје, 27 април 2024 (МИА) - Првиот круг од изборите помина во генерално мирна и демократска атмосфера. Се надеваме дека така ќе биде и за време на камапањата вториот круг од претседателските избори и за параламентарните избори и дека целиот процес ќе заврши со позитивни пораки, изјави денеска амбасадорот на Европската унија во земјата Дејвид Гир. 

-Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе го издаде прелиминарниот извештај од Првиот круг на изборите. Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера и навистина се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори, тие исто така и во кампањата за парламентарните избори тие ќе се надградат во овој позитивен замаец што ќе овозможи целиот процес да заврши со позитивни пораки и со позитивно чувство, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, кој денеска присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градски парк. ев/ 

ФОТО: МИА Архива 

 

Остани поврзан